Србин даде супер гол, но се занесе и доби црвен картон за прославата (Видео)

Српскиот фудбалер Фејсал Мулиќ даде прекрасен гол, но направи голема грешка при прославата на погодокот со кој на својот тим му донесе предност од 2-0. Мулиќ, кој е играч на корејски Сенгнам, откако даде гол, го соблече дресот и веднаш сфати дека направи грешка бидејќи свесен беше дека ќе добие жолт картон, а претходно имаше уште еден.

Судијата не му прости, го исклучи двометрашот од Нови Пазар, па Сангнам во завршните 35 минути мораше да игра со играч помалку.

- Оглас -

Најнови вести