ПАОК триумфираше и во возвратниот полуфинален меч против АЕК во грчкиот куп, а победата од 2-1 ја осигура Андрија Живковиќ со неверојатен лоб од 30 метри длабоко во судиското надополнување.
Српскиот интернационалец ја прекина акцијата на гостите, забележа дека противничкиот голман е далеку од својата позиција и без колебање на атрактивен начин погоди за победа и закажа битка за трофејот против Олимпијакос.