Србин реши да игра за Косово, а поради тоа неговите родители останаа без работа

Илија Ивиќ е 17-годишен играч кој игра за тимот на Фљамуртари, а неодамна реши да ја прифати поканата да го облече дресот на Косово. Тинејџерот кој игра како дефанзивец, најпрво го одби, а потоа го прифати повикот да биде дел од У19 селекцијата на Косово. Тој е првиот Србин кој прифатил да игра за Косово. Ивиќ признава дека не му било лесно да ја донесе одлуката.

„Дел од мене се кае, но во овие моменти за мојата кариера е многу важно да сум репрезентативец“, рече Ивиќ.

Младиот фудбалер знаел дека неговата одлука ќе предизвика бура на реакции, но веројатно не очекувал дека неговите родители ќе останат без работа. Мајката на Илија доби отказ од позицијата службеничка во општина Грачаница, а татко му е наставник, кој исто така остана без работа.

 

- Оглас -

Најнови вести