Србинка ќе биде новата газдарица на Челзи!?

Роман Абрамович уште е во потрага по човек што ќе сака да го купи Челзи, но продажбата да не биде помала од три милијарди фунти. Еден од ретките што има да даде толку пари, а е и голем навивач на Челзи, е Ник Кенеди. Се работи за британски милијардер кој со години има сезонски билет за мечевите на Челзи, а сега е еден од најсериозните купувачи на лондонскиот тим.

Покрај Ник, секогаш е и неговата жена Холи Валанс. Се работи за Холи Вукадиновиќ, која по потекло е од Србија. Нејзиниот татко, Рајко Вукадиновиќ, бил манекен и пијанист од Белград, кој подоцна се преселил во Австралија.

Холи е глумица, која имала улоги и во култните „Prison Break“, „”CSI Miami“ и „CSI New York“, а има издадено и два музички албуми.

Доколку нејзиниот маж Ник реши да го купи Челзи, Холи ќе биде новата газдарица на клубот кој е актуелен европски и светски првак.

- Оглас -

Најнови вести