Српската тенисерка Наталија Стевановиќ, за која Скопје е како втор дом, бидејќи тука тренираше на почетокот на кариерата, и од тука се вивна кон тениските височини со најголем дострел трето коло на годинешниот Вимблдон, објави какви пораки добива од „фанови“ на Инстаграм, некои од нив со лажни профили.
Во квалификациите на турнирот во Гвадалахара, Наталија играла повредена и загуби од Марија Матеас, по што следувала лавина од закани и навреди со ужасна содржина.
Таа добивала вакви пораки после речиси секој пораз, но сега било претерано и реши да објави дел од нив.
„Ќе те најдам, ќе те силувам и ќе те исечам на парчиња, пи.ка ти матер лоповска ретардирана. Ќе ја силувам мајка ти пред твои очи. Да ти го е.ам во уста детето мртво. Моја главна цел е да те тргнам од овој свет“ – е една од најгрозните пораки кои ги добила Наталија.
Има и „совети“ до неа дека е смешна и веќе не треба да игра тенис, навреди и закани од типот дека е „ѓубре“, „чекаме да те најдеме и да ти е.еме мајката“.