Одбојкарската женска репрезентација на Србија со 3-0 во сетови (25-21, 25-14, 25-21) ја разби Италија во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Токио. Србинките одиграа феноменално, не им дадоа никаква шанса на противничките и се најдоа во полуфиналето, каде што за противник ќе ја имаат селекцијата на САД.
На женскиот одбојкарски турнир, рано утрово се случи едно големо изненадување, Јужна Кореја ја елиминира Турција со 3-2 во сетови. Кореја во полуфиналето ќе игра со Бразил или РОК (тимот на Руски олимписки комитет).