На ракометното светско првенство за жени се игра 4. коло од главната фаза, а интересно ќе биде да се види дали Србинките ќе успеат да парираат на првито фаворит за златниот медал, селекцијата на Франција.
Французинките имаат четири победи во четири меча, од кои три се со двоцифрена разлика, додека Србија е со биланс од три победи и еден пораз од Русија. Србинките во претходното коло ја победија Црна Гора, иако во еден момент имаа и четири гола негатива. Токму овој триумф им даде дополнителна самодоверба дека може да направат изненадување и против Франција.
„Многу ни значи тоа што против Црна Гора не потклекнавме ниту во моментите кога бевме во четири гола заостанување. По толку години успеавме да ги победиме „лавиците“, а сега следува дуел против Франција кој е најсилен ривал. Добро ги имаме проучено. Во мечот влегуваме без притисок затоа што не сме фаворити, а некогаш тоа растеретување може да доведе до изненадување“, вели една од најдобрите во победата над Црна Гора, Тамара Радојевиќ.
И Јована Ковачевиќ признава дека Галските петли се фаворити, но додава дека „никој не е непобедлив“, иако последен пат Србија се радувала во дуел против Франција пред девет години.
Во Sport Life на понудата ги има сите мечеви од Светското првенство.