Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува со засилувања пред новата сезона, денеска во тимот пристигна српскиот фудбалер Ѓорѓе Белиќ. Станува збор за 27-годишен играч од средниот ред, кој се одликува со флексибилност и може да покрие повеќе позиции во средината на теренот.
Со оваа аквизиција битолчани го продолжуваат формирањето на конкурентен состав за сезоната што почнува во првата половина на август.
Во досегашната кариера, Белиќ настапуваше за неколку српски клубови, меѓу кои Мачва, Дрина Љубовија, Лозница и Дубочица, а последен ангажман имал во екипата на Вождовац.
Тој е уште едно во низата странски засилувања на Пелистер ова лето, со што клубот јасно сигнализира амбиции за повисок пласман во претстојната натпреварувачка кампања.