Фудбалерот на Милан, Лука Јовиќ, доби забрана за настап на следните два првенствени натпревари. Оваа одлука на дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија следува откако Србинот на дуелот против Монца удри противнички фудбалер со шлаканица.
Целиот настан се случи пред очите на главниот судија, кој најпрво му покажа жолт картон, но по реакцијата на ВАР-системот, одлуката беше променета и Јовиќ заслужено беше исклучен.
How’s this a red?? pic.twitter.com/ETIPF3ojLz
— Luka Jović (@TeamJovic) February 18, 2024