Србинот по трет пат ќе работи заедно со Мурињо

Немања Матиќ и официјално е претставен како нов играч на Рома за следната сезона. Србинот потпиша едногодишен договор со Римската волчица.

„Немања Матиќ ќе донесе квалитет и искуство во тимот. Тој е играчи кој со години играше во Премиер лигата и има победнички менталитет“, вели генералниот менаџер на Рома, Тијаго Пинто.

Искусниот српски дефанзивец има 33 години и доаѓа во Рома по пет години поминати во Манчестер јунајтед, а претходно три години играше за Челзи. Како играч на Челзи и на Манчестер, Матиќ во одреден период има работено со Жозе Мурињо како тренер, што значи дека Рома ќе биде трет клуб каде што овие двајца ќе работат заедно.

 

- Оглас -

Најнови вести