-4.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Србинот Ратков потпиша за Лацио, тренерот Сари вели: Не го познавам!

Српскиот напаѓач со бугарско потекло, Петар Ратков, од Салцбург официјално се пресели во Лацио во трансфер вреден околу 15 милиони евра.

Но, она што ги шокираше сите беше изјавата на тренерот Маурицио Сари кој рече дека не го познава 22-годишниот Ратков.

„Не го познавам, навистина не знам што да кажам за него. Сè уште не сум го запознал, за да ги видам неговите квалитети и недостатоци и да се обидам да го извлечам најдоброто од него. Клубот го познава подобро од мене“, рече Сари, јасно ставајќи до знаење дека трансферот не бил негова лична иницијатива.

Очигледно е дека во Лацио нема добра соработка на клубот и тренерот, а и резултатите на римските Небесно-сини не се за пофалба.

Веднаш по неговата изјава, претседателот Клаудио Лотито се појави пред медиумите и рече дека е сосема нормално Сари да не знае за еден играч.

„Ако Сара каже дека не го познава Ратков, тоа е нормално, тој е тренер, не мора да го познава. Формирав служба за скаутинг со осум луѓе кои ги следат играчите низ целиот свет 24 часа на ден и важно е тие да го познаваат“, му одговори Лотито на Сари.

- Оглас -

Најнови вести