Враќањето на фудбалските возбудувања се топ-тема во сите европски земји кога се работи на спортски план. Според најавите, во Србија е можно првенството да продолжи на 23 мај. Oвој датум како своја проценка неодамна го обелодени првиот човек на Црвена yвезда, Звездан Терзиќ.
Според многумина, тоа е оптимистиката варијанта, но последните информации се дека шампионатот може да започне дури и порано од тоа, односно на 18 мај. Овие информации пристигнуваат од Арена Спорт ТВ, која и ги има правата за пренесување на мечевите.
Тренизните на екипите во Србија треба да започнат на 4 мај и на тој начин да имаат барем две недели за подготовка пред продолжување на сезоната.

