Србите дефинитивно го разрешија селекторот Крстајиќ

Комитетот за итност при Фудбалскиот сојуз на Србија, денеска и официјално му ги раскина договорот на досегашниот селектор Младен Крстајиќ, со што се потврдија шпекулациите дека нема да продоложи да го води националниот тим во останатиот дел од квалификациите за ЕП 2020.

Името на неговиот наследник ќе се знае наскоро, а се чини дека најблиску до клупата на „орлите“ е Љубиша Тумбаковиќ, кој треба да добие „награда“ за тоа што одби да ја води Црна Гора во дуелот со Косово, држава која Србите не ја признаваат и чија територија ја сметаат за своја.

Убедливата победа од 4-1 против Литванија не го спаси некогашниот лев бек, бидејќи позначаен беше катастрофалниот пораз од Украина од 0-5.

Покрај Тумбаковиќ, во игра за селекторското место се и Милорад Косановиќ, Владан Милојевиќ, Вељко Пауновиќ, Иван Јовановиќ и Ненад Лалатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести