Србите го разрешија селекторот Џерона

Ракометниот сојуз на Србија објави дека е прекината соработката со селекторот Антонио Џерона, кој речиси четири години ја вршеше функцијата.

По направената анализа на настапот на ЕП, двете страни имале разговор во кој заклучиле дека е најдобро да дојде до разделба. Србите на ЕП во Германија своите настапи ги завршија во првата групна фаза, со само еден освоен бод (против Исланд, а губеа од Црна Гора и Унгарија).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести