Србите и без Јокиќ и Богдановиќ покажаа сила во олимписките квалификации

Србија предводена од Марјановиќ, Мициќ и Петрушев славеше против Доминиканската Република со 94-76 на стартот на турнирот во Белград од квалификациите за Олимписките игри. Иако победата на Србите е убедлива, тие ја обезбедија во последната четвртина, која ја добија со 27-10 откако гостите добро се држеа 30 минути. На Србите главен ривал за место на ОИ во Токио треба да им биде Италија.

Вечерва по полноќ се играат мечевите од турнирот во Канада, каде што дерби ќе биде Канада – Грција, а на тој турнир првото место ќе го нападне и Турција.

Интересно ќе биде во Сплит, каде што Хрватска на домашен терен ќе се обиде да го освои првото место во конкуренција на ривали како Бразил, Германија и Русија.

Литванија е фаворит дома, а Словенците би требало да им бидат најголема закана.

- Оглас -

Најнови вести