Системот за натпреварување на ЕВРО 2024 кој носи осминафинале дури и за четири од третопласираните селекции во своите групи, придонесе дигитроните постојано да пресметуваат кој како може да оди понатаму, па така и вечерва многу тимови си имаат свои математики и знаат што им одговара, а што не.
Шпанија е сигурен патник во нокаут фазата, но другите три тима кои играат, вечерва не смеат да загубат ако сакаат да ги остварат своите амбиции.
Победата на Унгарија над Шкотска речиси ги уништи некои од пресметките дека и со два бода може да се биде меѓу најдобрите трети.
Има и „трети страни“ кои со интерес ќе ги следат мечевите и резултатите. Така на пример на Србите им одговара Хрватска и Албанија да не победат. Ако не победат ни Албанците ни Хрватите, тогаш Србија има теоретски шанса и со реми во последното коло против Данска да се најде во осминафиналето, во спротивно, ќе мора да победи.