Србите имаат отворен пат до Токио, а наместо гостите, Хрватите ги чека пекол во Сплит

Србија имаше најмногу среќа од сите четири земји домаќини на квалификациските турнири во кошарка за мажи, за пласман на Олимписките игри во Токио 2020.

Само победниците на секој од четирите турнири кои се играат од 23 до 28 јуни, ќе обезбедат место на олимписките игри, и ќе ги пополнат четирите слободни места.

Во групите во Белград (две групи по три тима) ќе бидат Доминиканска република, Нов Зеланд, Србија со новиот селектор Игор Кокошков, Порторико, Италија и Сенегал. Тука речиси сигурно е дека во финалето ќе играат Србија и Италија, но во другите групи ќе биде многу интересно и понеизвесно. 

Во Каунас се домашната Литванија, Кореја, Венецуела, Полска, Словенија со Лука Дончиќ и Ангола.

Хрватите немаа среќа, иако ќе играат дома во Сплит, ќе разигруваат со Германија, Русија, Мексико, Тунис и Бразил.

На турнирот во Викторија во Канада, место на ЛОИ ќе бараат Грција, Кина, Канада, Уругвај, Чешка и Турција. И тука има повеќе кандидати, и освен Уругвај, сите други имаат шанса.

- Оглас -

Најнови вести