Фудбалската репрезентација на Србија имаше перфектна генерална проверка пред настапот на Европското првенство откако ја победи Шведска на гости во Стокхолм со 0-3.
Сергеј Милинковиќ Савиќ донесе предност за Србија во 18. минута, Александар Митровиќ зголеми на 0-2 во 60.минута, а третиот гол го постигна Душан Тадиќ во 70.минута.
На овој натпревар, легендарниот Златан Ибрахимовиќ на свечена церемонија и официјално стави крај на фудбалската кариера, а доби пригоден подарок и од претседателот на ФСС, Драган Џајиќ.
Унгарија го победи Израел со 3-0, со двата гола на Барнабас Варга и погодокот на Роланд Салаи, а Швајцарија и Австрија ремизираа 1-1.