Србите ја надитрија УЕФА, на стадионот во Виена ќе има 15.000 гостински навивачи

Српската фудбалска репрезентација вечерва во Виена ќе игра против домаќинот Австрија во првиот меч од баражот за опстанок во Сегментот А во Лигата на нациите. Европската фудбалска федерација од претходно ја имаше казнето Србија дека не смее да има поддршка на двата следни натпревари на коишто игра на гостински терен, но фановите на нашиот северен сосед успеаја да ја надитрат УЕФА.

Според најавите, Србија ќе има поддршка од околу 15.000 навивачи на стадионот „Ернст Хапел“. Оваа вест ја потврдиле од Фудбалската федерација на Австрија, што значи дека гостинската селекција ќе има речиси една третина од гледачите на стадионот како нивна поддршка.

„Важно е дека ќе имаме илјадници наши навивачи затоа што нашата дијаспора тука е голема. Тоа ќе биде мотив повеќе за нашиот тим. Апелирам да се внимава и да не се дојде до некој несакан инцидент затоа што ќе бидеме под надзор на УЕФА. Нека се навива за Србија во духот на ферплејот, а ние ќе се обидеме да не ги разочараме“, рече селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести