21.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Србите ја победија Германија среде Минхен и покажаа кој ќе биде фаворит на ЕП

Репрезентацијата на Србија ја совлада Германија со 91-81 во финалето на таканаречениот Суперкуп на германската кошаркарска федерација.

Со овој триумф, Србите покажаа дека се многу силни и дека веројатно се главни кандидати за златото на претстојниот Евробаскет во септември.

Потфрли првата виолина Никола Јокиќ кој даде само 7 поени (имаше и 8 скока и 7 асистенции), но селекторот Светислав Пешиќ има голем број квалитетни играчи, па послабата партија на Јокиќ во реализаторскиот дел беше надоместена од други. Лука Јовиќ даде 22 поени, а Богдановиќ, Вукчевиќ и Гудуриќ по 11. Светските прваци ги предводеше Франц Вагнер со 26 поени.

- Оглас -

Најнови вести