Србите ќе дадат барем еден гол на „Фолксваген арената“

Мечевите од кошаркарската Евролига за денеска треба да бидат задолжителен декор од тикетите уплатени во Sport Life, во комбинација со некои парови од фудбалската понуда. Репрезентативните дуели по традиција не се лесни за погодување, но затоа предизвикот е поголем.

 

Германија – Србија (20.45 часот)

Подмладената репрезентација на Германија ќе биде тестирана од нашиот северен сосед во пријателски меч во Волфсбург, како последна подготовка пред квалификациите за ЕП 2020. Србите играат со Португалија на стартот на квалификациите, па ова им е добар тест во кој Митровиќ, Јовиќ и другарите може да дадат барем еден погодок.

Предлог тип: Т2 1-2 (1.85)

 

Велс – Тринидад и Тобаго (20.45 часот)

Квалитетот е на страна на Велшаните и овој пријателски меч треба да им послужи како добра подготовка за наредните предизвици. Велс во Лигата на нациите имаше две победи и два порази, а на пет меча по ред нема дадено повеќе од еден гол. Ова им е прилика да ја подобрат ефикасноста против тим кој губеше со 0-1 од Иран и Тајланд на последните две контроли.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.00)

 

Реал Мадрид – Армани Милано (21.00 часот)

Реал цели 10 години не знае за пораз против „манекените“, а тимот од Милано дури 16 години не победил во Мадрид. Домашните се фаворити, а ако се знае дека нападот им е посилна страна и на домашните и на гостите, тука би требало да има и ефикасна кошарка. Милано викендов загуби во италијанската лига и нема славно да мине ниту против тимот кој се бори за второто место во Евролигата.

Предлог тип: 1-1 & >176.50 (2.80)

 

Макаби – Жалгирис (20.05 часот)

Жалгирис нема гостинска победа во Евролигата во 2019 година, а тешко дека ќе успее да слави и во Тел Авив. Макаби пред една недела загуби од Ефес, тоа им беше прв домашен кикс годинава и ќе бидат мотивирани да не ја повторат грешката. Жалгирис дома го совлада Макаби со 80-73, а и овојпат би можело да има повеќе од 150 поени.

Предлог тип: > 154.50 (1.87)

 

Панатинаикос – Басконија (20.00 часот)

ПАО ќе игра во чест на својот некогашен претседател. „Зелените детелинки“ единствениот пораз во последните пет меча го имаа против лидерот Фенербахче. И Басконија е во добра форма, од последните пет дуели, загуби само од Барселона. Баските три години не победиле во Атина, а и овојпат се аутсајдери. Победа на Панатинаикос ќе значи дека ќе се изедначат на осмото место.

Предлог тип: 1 & <161.50 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести