22.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Србите многу се налутија на карикатурата на ФИФА

Со пласманот на Костарика на Светското првенство во Катар, се комплетира листата од 32 учесника на планетарниот собир. По тој повод, ФИФА на своите социјални мрежи постираше коарикатура на која се капитените на сите 32 репрезентации.

На карикатурата ги има Нејмар и Суарес како се поздравуваат, Роналдо и Меси како играат видеоигри, соиграчите од Тотенхем, Кејн и Сон како се прегрнати, а Герет Бејл делува како вистински турист.

Од сите на карикатурата, Србите се налутија на детаљот на којшто е прикажан Душан Тадиќ (на десниот дел од карикатурата). Покрај Тадиќ е поставен Гранит Џака, капитенот на Швајцарија, кој има албанско потекло. Џака го има прегрнато Тадиќ, што наиде на негативни реакции во српската јавност.

„Провокација или голем гаф?“, „ФИФА ја шокира Србија“, „Зошто Тадиќ го прегрнува провокаторот Џака?“, се само дел од насловите и реакциите во српските медиуми.

Србите се лути поради тоа што Џака го направи на Светското првенство во Русија пред четири години. Швајцарија со 2:1 ја победи Србија, а Џака, како и Џердан Шаќири по постигнувањето на погодоците прославија со покажување „двоглав орел“, што е симбол на Албанија.

Швајцарија и Србија ќе бидат во иста група и на Мундијалот во Катар, а покрај нив, во групата се и Бразил и Камерун.

 

- Оглас -

Најнови вести