Ал-Хилал ја разби Абха со 7-0 и продолжи да чекори кон титула во саудиското фудбалско првенство. Сега Ал-Хилал има огромни 13 бода повеќе од Ал-Наср, но второпласираниот тим на табелата има и два меча помалку.
Патот на Ал-Хилал до триумфот вечерва му го отворија Србите Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ, коишто дадоа по еден гол во првото полувреме, а противникот беше докрајчен во вториот, кога Сергеј погоди уште еднаш.
За Митровиќ, кој погоди од пенал, ова беше 16-ти гол сезонава и се израмни со Кристијано Роналдо на чело на листата на стрелци. Милинковиќ-Савиќ има осум гола, што е одлична ефикасност за некој што не е напаѓач.