Фудбалскиот сојуз на Србија по пријава од УЕФА покрена постапка против пет екипи поради постоење на сомнение за местење натпревари, или како што се вели во соопштението, со своето „постапување или непостапување“ го повредиле интегритетот на лигата.
Станува збор за два натпревари од Супер лигата и еден од Првата лига кои се одиграни во изминатите две седмици, и тоа: Младост ГАТ – Колубара (1-0) одигран на 25.04, Колубара – Спартак (0-3) одигран на 01.05 и РФК Нови Сад – Раднички НБ (2-2) одигран на 01.05.
Дисциплинската комисија на ФСС ќе заседава и ќе ги разгледа сите пристигнати материјали од УЕФА, по што ќе донесе конечна одлука.
На данашњој седници Дисциплинске комисије Фудбалског савеза Србије покренут је дисциплински поступак против клубова Супер и Прве лиге Србије.
➡️ https://t.co/i86LMZ5wlh pic.twitter.com/0G1zxmHK8K
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) May 8, 2023

