Србите не заслужија ништо повеќе од тоа да си одат дома, Англија со реми до прво место во групата

Репрезентацијата на Србија не успеа во намерата да стигне до победа против Данска и како последнопласирана во групата Ц си заминува дома од Европското првенство. Ремито без голови на „Алијанц арена“ во Минхен беше доволно за Данците да го освојат второто место, а „победија“ во соодносот со Словенија со жолти картони која остана на третата позиција во групата.

Словенците исто така одиграа 0-0 против фаворитот Англија.

Драган Стојковиќ ги остави на клупата Тадиќ, Јовиќ, Влаховиќ и Миленковиќ-Савиќ, но откако во првото полувреме Србија буквално не шутна кон голот на Данска, ги уфрли сите во игра во вториот дел, барајќи погодок за триумф.

Сепак, освен обидите на Митровиќ и на Милинковиќ-Савиќ, речиси ништо не покажа Србија и не заслужи победа на мечот во Минхен.

Англија и Словенија во Келн одиграа 0-0, доволно за гордиот Албион да го освои првото место. На Сака не му беше признат гол поради офсајд позиција, но избраниците на Герет Саутгејт, иако неубедливо, ја исполнија целта во групната фаза од Европското првенство.

Од оваа група е јасно дека второпласираната Данска на 29 јуни во осминафиналето ќе игра против домаќинот на Европското првенство, селекцијата на Германија. 

 

- Оглас -

Најнови вести