Србите очекуваат инциденти и провокации од албанските навивачи пред натпреварот со Англија

Репрезентацијата на Србија својот настап на Европското првенство во Германија го започнува со дуел против најголемиот фаворит за освојување на титулата, Англија. Мечот помеѓу нашите соседи и Гордиот Албион ќе се одигра во недела, во Гелзенкирхен, а српските медиуми пренесуваат очекувања од инциденти и провокации од албанските навивачи.

Според српските медиуми, поголема група планира на денот на натпреварот да пристигне од Дортмунд во Гелзенкирхен и пред натпреварот да предизвика инциденти со српските навивачи. Медиумите од нашиот северен сосед пренесуваат дека провокации од страна на албански навивачи имало и пред хотелот во којшто е сместена репрезентацијата на Србија, а двајца навивачи имале обид и да влезат во хотелот.

Сепак, се чини дека германската полиција нема да остави ништо на случајноста и доколку српските медиуми имаат вакви информации, нив сигурно ги имаат и германските безбедносни служби.

- Оглас -

Најнови вести