Србите остварија 9/9 во подготовките, следува она вистинското

Кошаркарската репрезентација на Србија остана непоразена во подготвителниот период откако триумфираше и над Франција со 61:56. Во пресрет на Светското првенство, Триколорите имаа шанса да ја прекинат импресивната низа на избраниците на Ѓорѓевиќ од осум победи, која ја остварија против доста квалитетни репрезентации, но во финишот од средбата, вториот фаворит за златниот медал го покажа квалитетот.

Контролката која се одигра во Шенјанг е последна за двете селекции бидејќи со обврските на Мундобаскетот стартуваат за четири дена.

По егалот во првата делница, Французите ја презедоа иницијативата, а со цврста одбрана му дозволија на противникот да реализира само 9 поени во вторите 10 минути од мечот. Во сосема нозо издание, српската селекција направи одлична серија од 11-0 по стартот на второто полувреме и на кратко дојде до резултатска предност. Јасно беше дека победникот ќе се одлучува во последните моменти од мечот, а подебели нерви имаа Србите, кои ја добија четвртината со 15-8, односно конечен резултат од 61:56.

Во исто време, силите ги одмерија репрезентациите на Шпанија и Аргентина, а светскиот првак од 2006 година издвои триумф од 84:76.

Мундобаскетот во Кина стартува на 31 август и ќе трае до 15 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести