Србите откриваат скандал: Вања Милинковиќ-Савиќ се степал во кафеана со навивач

Српските медиуми откриваат дека непосредно пред мечот на Србија со Данска, во локал во Минхен, голманот на Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со еден српски навивач.

Селекторот Драган Стојковиќ после дуелот со Словенија, им дал слободен ден на играчите. Некои од фудбалерите денот го минале со семејствата, но некои решиле да се „подготват“ за мечот со Данска во кафеана.

Според информациите на медиумите во Србија, двометрашот Вања излегол во Минхен во кафеана каде што нормално излегуваат гастербајтерите кои живеат таму и каде често настапуваат музичари од Србија и регионот. Еден навивач му дофрлил на голманот: „Што правиш тука, треба да си во карантин, а не да пиеш!“

Тоа не му се допаднало на резервниот српски голман кој прво го пцуел навивачот, а потоа тргнал кон него и го удрил! Набрзо реагирало обезбедувањето, на крајот се вмешал и сопственикот на локалот.

Газдата потврдил дека имало инцидент, но дал малку поинаква верзија.

„Вања дојде во нашиот локал, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаа да го пуштат бидејќи носел репрезентативни шорцеви, што го налути и дојде до тепачка. Набрзо интервенирав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Сè се случи во градината“, изјавил сопственикот на барот.

 

- Оглас -

Најнови вести