Нема тензии во Минхен во пресрет на натпреварот помеѓу некогашните југословенски републики Словенија и Србија, напротив, атмосферата е пријателска, но има и „боцкање“ и симпатични навивачки провокации.
Српските фанови кои се во многу поголем број, скандираа „Лука Дончиќ е еден од нас“, алудирајќи на тоа дека словенечката НБА ѕвезда има српско потекло. Словенечките фанови не одговорија на ова, само се смешкаа.
Инаку, самиот Дончиќ се јави со видео порака пред мечот со Србија и им посака среќа и успех на Словенците на ова Европско првенство. Ваква видео порака имаше и од другата најголема словенечка спортска ѕвезда, велосипедистот Тадеј Погачар.
Погледнете како Србите со песна во Минхен го присвојуваа Лука и насмевките на Словенците:
"Luka Dončić jedan je od nas" pic.twitter.com/ErTIyHQOQc
— Милутин (@mylutin) June 20, 2024