Србите сакаат регионална лига без клубови од Македонија и Хрватска

Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, изјави дека српските клубови се заинтересирани за создавање на регионална лига, но не со клубови од поранешна Југославија, туку со другите нивни соседи, Романија, Унгарија и Бугарија.

„Црвена ѕвезда, Партизан, Војводина, Раднички, Чукарички би требало да размислуваат за регионална лига. Го имаме примерот на Белгија и Холандија, кои разработуваат модел за заедничко натпреварување. Да не се влошеше политичката ситуација, тоа ќе го направеа и Русија и Украина. Ова е само мое гласно размислување, не е официјална или разработена идеја. Ме боли кога во Белград гледам само по 3.000 луѓе на мечевите на Ѕвезда, а 65-70 проценти од Србите навиваат за Ѕвезда“, вели Терзиќ.

Иако нема дилеми дека за публиката поатрактивна би била регионална лига со клубовите од некогашна СФРЈ, поради безбедносни причини и ставовите на навивачите, засега таква лига е утопија и не се размислува во тој правец.

„Србија, Унгарија, Романија и Бугарија се подрачје со околу 50 милиони жители. Би постоел интерес од публиката, телевизиите, спонзорите. Тоа би донело приходи и од влезниците, ТВ-правата и слично. Секоја држава би имала по четири претставници, а најдобрите осум би се пласирале во европските натпреварувања“, објаснува првиот човек на Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести