Пред четири години на СП во Русија, Србија и Швајцарија во третото коло одлучуваа кој да оди во осминафинале, а истата ситуација ја има и сега во Катар.
На Србите им треба победа, за Швајцарија доволно е реми. Во 2018, Србија поведе со гол на Митровиќ, а Џака и Шаќири направија пресврт. И вечерва сите тројца тогашни стрелци се во комбинација за настап.
Во Специјалниот сингл на Sport Life, Александар Митровиќ е фаворит за прв стрелец на мечот и фаворит дека ќе постигне гол кога било во текот на 90-те минути. Комбинацијата гол на Митровиќ и победа на Србија носи квота 4.00.
Мечот се очекува да изобилува со борба, па примамлива е понудата и за број на жолти картони, како и корнери и фаули.
Вечер од 20 часот играат и Бразил против Камерун. Бразилците се речиси сигурно први во групата, а победа, макар и минимална, на Камерун може да му донесе осминафинале доколку Србија и Швајцарија одиграат нерешено или ако Србија победи со еден гол разлика.
Квотата за победа на Камерун е измислена за оние обложувачи кои бркаат изненадувања.
Бразил на СП во Катар уште нема дадено гол во првите 60 минути од натпреварите, а квотите дека првиот гол ќе падне по 61-вата минута се фантастични. Камерунците во првите две кола примаа голови најдоцна до 53-тата минута, во финишот не потклекнуваа.