Србите се крстеа и фаќаа за глава, топката никако не сакаше да влезе во гол (Видео)

Просто неверојатно е како репрезентацијата на Србија не постигна уште еден гол на гостувањето кај Унгарија, утките ги фрлаа во очај нашите несреќни соседи кои загубија со 1-2.

Селекторот Драган Стојковиќ се крстеше и чудеше како неговиот тим не даде гол кога во една иста акција, двапати ја погодуваа стативата. Освен тоа, на Митровиќ поради офсајд му беа поништени два гола за само три минути.

На крај во 94-та минута, Милинковиќ-Савиќ имаше прекрасна шанса, но унгарскиот голман на чудесен начин го одбрани тој шут со глава.

- Оглас -

Најнови вести