Србите се највисока репрезентација на ЕП, и вториот и третиот на листата се од нивната група

Меѓу 24-те селекции учеснички на претстојното Европско првенство во фудбал, Србија ќе биде највисоката селекција според просекот на висина на играчите.

Србите беа највисоки и на Мундијалот во Катар, но таму не ја искористија таа предност во висина. Просечната висина на играчите во српската репрезентација е 186 сантиметри и во просек се за еден сантиметар повисоки од Данците кои исто така се во нивната група во првата фаза.

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ е највисок меѓу српските Орли со 202 сантиметри. Потоа следуваат Никола Миленковиќ (195 см.), Страхиња Павловиќ (194), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (192), Душан Влаховиќ (190)…

Интересно, Словенија, третата селекција од истата група Ц, исто како и Данска има просек од 185, па натпреварите „во воздух“ во оваа група ќе бидат интересни. Во групата е и Англија, која има просечна висина од 182 сантиметри, но и тие традиционално се познати по добрата игра со глава.

Најниска репрезентација на ЕП ќе биде Шпанија, но и нивниот просек на висина не е лош, 181 сантиметар.

- Оглас -

Најнови вести