Хрватска е најголемиот трагичар на ова ЕП затоа што на два меча остана без победата со голови буквално во последните секунди. Против Албанија примија гол во 90+4 минута за 2:2, а синоќа во 90+8 минута беа шокирани од Италија во дуелот кој заврши 1:1.
По овој резултат, Хрватска остана со само два бода и гол-разлика од минус три. Ова реми на Хрватска и Италија донесе радост кај навивачите на Србија, кои вечерва ќе ја бодрат својата репрезентација против Данска.
Според калкулациите, Србите и со реми против Данска може да одат во осминафиналето и со само два освоени бодови, но има уште неколку услови да се исполнат. Првиот се исполни, а тоа е Хрватска да не победи. Сега Србите ќе навиваат и Словенија дазагуби со барем два гола против Англија, а потоа ќе остане уште Чешка да не ја победи Турција и Грузија да не слави над Португалија.