Србите се разочараа од Перо Антиќ (Фото)

Српските медиуми бурно реагираа по објавувањето на протоколот за соработка меѓу кошаркарските федерации на Македонија и на Косово. Српските медиуми пишуваат дека на сајтот на Кошаркарската федерација на Косово се зборува за технички развој на спортот, организирање заеднички турнири и мечеви на млади селекции, како и размена на тренери.

Договорот е потпишан на две години, а Србите се разочарани дека Антиќ, кој е поранешен играч на Црвена ѕвезда и еден од милениците на Делиите, се решил на ваков потег за соработка, како што пишуваат тие, со „таканареченото“ Косово.

Речиси и да немаше медиум во Србија кој не извести за соработката што ја договорил Антиќ со челниците на Косово.

- Оглас -

Најнови вести