Србите се загреваат за Англија, се пофалија и со одземени транспаренти од англиските навивачи (Фото)

Најинтересниот натпревар на Европското првенство денес ќе го одиграат селекциите на Србија и Англија. Српските навивачи веќе започнаа да се собираат во центарот на Гелзенкирхен, градот во кој ќе се игра мечот против англичаните. Многу навивачи од Германија, но и од други земји од Европа, секако и од Србија пристигнуваат во центарот на градот, а на социјалните мрежи веќе се појавија и фотографии од првите навивачки пресметки.

Навивачите на Борац од Бања Лука, но и оние на Црвена ѕвезда, Делии, на социјалните мрежи се пофалија со одземени транспаренти од англиските навивачи, па нема сомнеж дека вечерва ќе биде жешко и на тревникот и на трибините.

- Оглас -

Најнови вести