Србите со НБА-ѕвезди и најдобриот во Европа најавуваат атак на златото на ОИ

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков, ги повика најдобрите кошаркари кои му се на располагање за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри, кој ќе се одржува во Белград од 29 јуни до 4 јули.

Со НБА-ѕвездите предводени од Никола Јокиќ и моментално најкорисниот играч во Евролигата, Василије Мициќ, нашиот сосед најавува атак на златото на претстојниот планетарен спортски собир кој ќе се одржува во Токио летово.

На квалификацискиот турнир во Белград ќе учествуваат уште селекциите на: Италија, Порторико, Сенегал, Филипини и Доминиканска Република, а само една селекција ќе се пласира на ОИ.

Плејмејкери: Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ.

Бекови: Богдан Богдановиќ, Бранко Лазиќ, Вања Маринковиќ, Немања Недовиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Јарамаз, Данило Анѓушиќ, Алекса Аврамовиќ.

Крила: Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ, Огњен Добриќ, Драган Милосављевиќ, Дејан Давидовац.

Крилни центри: Немања Бјелица, Далибор Илиќ, Алексеј Покушевски, Ален Смаилагиќ.

Центри: Никола Јокиќ, Бобан Марјановиќ, Никола Милутинов, Филип Петрушев, Мирослав Радуљица.

- Оглас -

Најнови вести