16.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Србите со победа над Јужен Судан ќе ги избегнат Американците до финалето

Последните два меча од групната фаза се играат денеска на кошаркарскиот турнир во Париз. Американците се апсолутни фаворити во дуелот против Порторико, а Србија треба да слави против Јужен Судан, за финиширање на Ц групата.

За Србија ќе навива и селекцијата на Грција бидејќи ако Србите слават со повеќе од три разлика над Јужен Судан, ќе обезбедат Грците да одат во четвртфинале како третопласирана селекција.

Со еден таков расплет, четвртфиналните двојки би изгледале вака: САД – Бразил, Германија – Грција, Канада – Франција и Србија – Австралија. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат подобрите од Србија – Австралија со подобриот од Германија – Грција, додека во второто полуфинале ќе се борат победниците од мечевите меѓу САД – Бразил и Канада – Франција.

Во една ваква комбинација, Србите ако победуваат, ги избегнуваат Американците до самото финале, а во нивниот дел од костурот не се ниту силните репрезентации на Канада и Франција.

- Оглас -

Најнови вести