Репрезентацијата на Србија има цел вечерва да ја победи Норвешка во Осло и со тоа да го освои првото место во групата и да биде во вториот шешир при ждрепката за квалификациите за ЕП 2024.
Има една друга комбинација која ја носи Србија меѓу вторите носители што е многу поповолна варијанта отколку да биде во третиот шешир. Ако Србија не победи во Норвешка, до вториот шешир може да дојде со победа на Шведска над Словенија, но и ќе навиваат утре за Шкотска против Украина и за Република Ирска против Ерменија.
Македонија исто така вечерва е во исчекување дали ќе биде во четвртиот или петтиот шешир. Поголеми се шансите да бидеме во четвртиот, но теоретски има и неповолна варијанта со резултати кои нема да ни одговараат, па да паднеме во петтиот шешир.