Србите во Мелбурн одбраа, навиваат за Медведев

На фановите на Новак Ѓоковиќ поважно им е Рафаел Надал да не стане рекордер по бројот на грен-слем титули, отколку Србинот да го загуби првото место на АТП листата во следните две до три недели.

Иако Ѓоковиќ го нема на Австралијан опен, српските знамиња се присутни во „Род Лејвер“ арената во Мелбурн за време на финалето. Србите навиваат за Русинот Данил Медведев и му даваат голема поддршка во битката со Надал. Ако победи Медведев, тој ќе го преземе првото место на АТП листата на 14-ти или 21-ви февруари.

Првиот сет убедливо му припадна на Медведев со 6-2, но во вториот се води жестока битка и резултатот е 5-5, иако Надал водеше со 4-1 и испушти сет-топка на свој сервис.

- Оглас -

Најнови вести