20.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Србите во првите 10 минути ја демолираа Чешка, па сопреа

Кошаркарите на Србија продолжуваат да доминираат на Евробаскетот, а вечерва стигнаа до четвртата победа во четвртото коло, откако без никаков проблем ја победија Чешка со 82:60.

Уште во првата четвртина Србија ја покажа силата и го растури противникот, па по 10 минути игра, резултатот беше 27:5. Неверојатен беше фактот дека Чешка даде само пет поени за 10 минути игра на Европско првенство.

Во продолжение на мечот, Србите само ја контролираа предноста, па и на крајот разликата остана 22 поени.

Во останатите мечеви кои се играа денеска: Литванија – Финска 81:78, Летонија – Португалија 78:62, Германија – Велика Британија 120:57, Естонија – Турција 64:84, Шведска – Црна Гора 81:87.

- Оглас -

Најнови вести