Србите загубија во мечот кој требаше да го добијат, Албанија еднаш шутна против Чешка и даде гол

Репрезентацијата на Србија загуби во Белград од Унгарија во дербито на Г групата во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Србите најавуваа дека ова е дуел кој мора да го добијат ако сакаат да бидат многу блиску од завршницата на континенталниот собир, каде последен пат играле пред 23 години.

Добро почна дуелот во Белград за домаќините, откако Салаи си даде автогол за Унгарија и домашните навивачи се радуваа. Сепак, до крајот на полувремето, Унгарија направи пресврт. Варга во 34 минута израмни на 1:1, а само две минути подоцна погоди и орбан за целосен пресврт.

Во второто полувреме Унгарија успеа да се одбрани и на крајот стигна до победа со која се зацврсти на првото место на табелата со 10 бода од четири кола. Србија е втора со седум бода, а Црна Гора е третопласирана со пет бодови.

Чешка на свој терен не успеа да ја победи Албанија. Домаќините во второто полувреме го скршија отпорот на противникот, но само 10 минути подоцна, Албанија со единствениот шут кон противничкиот гол успеа да погоди за 1:1.

Резултати: Казахстан – Финска 0:1, Литванија – Црна Гора 2:2, Чешка – Албанија 1:1, Данска – Сан Марино 4:0, Франција – Ирска 2:0, Холандија – Грција 3:0, Полска – Фарки Острови 2:0, Словенија – Северна Ирска 4:2, Србија – Унгарија 1:2.

- Оглас -

Најнови вести