4.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Сребрените ватерполисти од Рио останаа без битка за медал

Ватерполо селекцијата на Унгарија славеше со 15:11 против Хрватска во последното четвртфинале во Токио. Актуелните европски шампиони против Грција ќе се борат за финалето, додека на Баракудите им ја одзедоа шансата на трети Игри по ред да се борат за медал.

Хрватите во Лондон, во 2012 година беа златни, во Рио пред пет години го освоија сребрениот медал, па иако беа благи фаворити во овој меч, не ја оправдаа улогата. Клучен беше вториот период кој им припадна на Унгарците со 5-2, а потоа ги добија и двата наредни периоди со 4-3 за убедливиот триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести