Среда беше многу среќен ден за двајца обложувачи од Скопје: вкупно заработија над 350.000 денари (Фото)

Убав предновогодишен „подарок“ си заработија двајца обложувачи во Sport Life кои вчера уплатиле тикети кои на крајот се добитни. Тикетот уплатен во населбата Даме Груев е целосно фудбалски и се одиграни мечеви од најсилните фудбалски земји.

Комбинации на игрите на полувреме-крај, со игрите на голови се покажа како добитна варијанта, па со вложени 150 денари, добивката е 286.824 денари. На тикетот се мечевите од куповите во Англија, Италија, како и мечеви од женската Лига на шампионите и финалето на Интерконтиненталниот куп, кој го доби Реал Мадрид со 3:0 против Пачука.

Вториот добитен тикет е уплатен во Мучурин, а со вложени 80 денари, добивката е 82.561 денари. И на овој тикет доминираат фудбалските дуели и игрите на голови, но има и два пара за број на поени на играчи во Евролигата и тие се погодени.

- Оглас -

Најнови вести