Среда беше среќен ден за големи добивки со мали уплати

Во обложувалница на SPORT LIFE на скопскиот „Бит-пазар“, еден играч уплатил ливче за 40 денари и синоќа имал многу причини за славење. Тој има добивка од 212.817 денари, со бонусот од 15.764 денари.

Тој одиграл осум парови, а мајсторијата е што ги погодил и бројот на головите и резултатите на полувремето и на крајот.

На Генк и Ломел во Белгија одиграл 1-1 и 4+. „Еден во еден“ погодил рано, со оглед на тоа што Генк многу рано поведе со 2-0, но на четвртиот гол чекал до 88-мата минута. Кај парот Штадл Паура – ЛАСК Линц немал проблеми со истата игра бидејќи гостите славеа со 8-0, а слично минал и кај другиот австриски пар од Купот, откако Сент Пелтен победи со 5-0 над Залфелден.

Играчот почувствувал дека Нирнберг нема добро да си помине во Дортмунд, па играл победа на Борусија со водство и на полувремето, како и дека ќе паднат барем четири гола. Конечниот резултат беше 7-0.

Најголемата радост играчот ја имал кога Александр Лаказет даде гол за победа на Арсенал над Брентфорд од 3-1. Тој погодок во 93-тата минута му беше потребен како четврти на обложувачот од „Бит-пазар“. И Рома доцна, во 87-мата минута го даде четвртиот гол против Фрозиноне, за играчот да фати и 4+. Кога веќе трипати паѓаа четврти голови во финишот, немаше дилеми дека среќата била голем сојузник на играчот и дека ливчето ќе биде добитно.

 

АЕРОДРОМЕЦ ПОГОДИЛ КАДЕ ЌЕ ИМА ГОЛОВИ ВО ПРВИТЕ ПОЛУВРЕМИЊА

Во уплатното место Аеродром 5, еден играч уплатил 100 денари, а за исплата во SPORT LIFE ќе добие 235.729 денари. Кај него нема бонус, бидејќи играл само шест парови.

За мечевите Старт – Бодо, Мехелен – Антверпен и Матерсбург – Рапид Виена прогнозирал и погодил дека двете екипи ќе дадат гол во прво полувреме. Во австрискиот меч, голот на Матерсбург е во судиското продолжение, и тоа од пенал. Од екипите на Алборг и Рома чекал и дочекал да дадат по два гола во првото полувреме. Му требале и барем два гола од Борусија Дортмунд против Нирнберг, нешто што се случи по 35 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести