6005 – Реал Мадрид – Лајпциг (21:00)
Екипата на Реал Мадрид има предност од еден гол од првиот меч во Германија, па тимот на нашиот Елиф Елмас вечерва нема што да брани на „Сантијаго Бернабеу“ и Лајпциг ќе мора да тргне на сè или ништо. Очекувањата се дека двете екипи ќе одиграат ефикасен натпревар со голови во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.10)
6021 – Спортинг Л. – Аталанта (18:45)
Интересна ситуација во Лигата на Европа, каде што во осминафиналето меѓу себе ќе играат Спортинг Лисабон и Аталанта, две екипи коишто играа во иста група. Минатата есен мечот во Италија заврши без победник, 1-1, додека во Португалија победи Аталанта со 1-2. Тоа е доволна причина и вечерва да се очекува дека двете екипи ќе постигнат погодоци.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.18)
1160 – Саутхемптон – Престон (20:45)
Екипата на Саутхемптон е голем фаворит во мечот против Престон во англиската Чемпионшип дивизија. Домашните со победа ќе дојдат само на три бода од директен пласман во Премиер лигата. Воедно, последната победа на Престон над Саутхемптон е пред 17 години, односно во 2007 година.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.99)
1164 – КПР – ВБА (21:00)
Дуел на екипи кои се на различни краеви од табелата во втората по ранг фудбалска лига на Англија. Домашниот Квинс парк ренџерс е на 20-тата позиција, но со еднаков број бодови со 23-тиот Шефилд, па ќе мора да нападне за да дојде до бодови кои ќе значат опстанок, додека Вест Бромич албион е петтопласиран и во борба за влез во плејофот за пласман во Премиер лигата. Едноставно, двете екипи нема што да бранат на овој натпревар и ќе мора да нападнат за да ги остварат своите амбиции, а тоа е гаранција за голови на вечерашниот дуел.
Предлог тип: 1+I и 1+II (1.99)
1163 – Мидлсборо – Норвич (20:45)
Фудбалерите на Мидлсборо се во златната средина на табелата во Чемпионшип дивизијата, но веројатно ќе им биде потребен уште некој бод за да го осигурат опстанокот. На спротивната страна ја имаат екипата на Норвич, која е покуса за два поена од влез во плејофот, па ако се погледнат нивните претходни натпревари, за очекување е дека вечерва ќе има ефикасен фудбал. Последните три натпревари завршиле најмалку со три погодоци.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)