Типувањето за деветтото коло на бесплатната Спортска прогноза почна вчера, а доколку верувате дека среда е среќен ден, денеска треба да се приклучите со свои прогнози и да влезете во конкуренција за освојување за прекрасниот „ајфон 11“.
На менито на популарната Тринаесетка има неколку големи дерби-натпревари, па задачата да се погодат максимален број натпревари ќе биде сложена, но ако успеете, задоволството ќе биде поголемо.
Последен рок за типување за ова коло е сабота, во 13.30 часот, кога стартува мечот Евертон – Манчестер јунајтед. Саботата носи дерби и во Бундеслигата, а тоа е пресметката на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен од 18.30 часот. Од оние што досега прогнозирале, околу две третини типувале победа на Баерн.
Овојпат во основната понуда нема понеделнички меч. За недела треба да погодите осум меча, од кои најатрактивни се Лацио – Јувентус, Аталанта – Интер и Манчестер сити – Ливерпул.
Важно, како и секогаш, е да се погодат и двете резервни двојки во ова коло, Калјари и Сампдорија и Валенсија против Реал Мадрид, бидејќи поените се бројат за Генералниот пласман.