Среда е среќен ден за типување на паровите од новото коло на Спортска прогноза

Четвртата сезона на Спортска прогноза е при крај, се води голема битка за врвот во генералниот пласман, а тука се и обидите да се освои премијата „ајфон12“ за тој играч што ќе ги погоди сите 13 исходи од паровите во основната понуда.

Подароци има и за оние кои ќе имаат едно, односно две утки. Со 12 погодени следува вредносен ваучер од од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека со две утки и 11 погодоци, ваучерот е во износ од 500 денари.

Дербито за ова 35-то коло е во Англија и тоа финалето на ФА купот помеѓу Ливерпул и Челзи. Според процентите на досегашните типови, над две третини од прогнозерите веруваат во триумф на Црвените уште по регуларните 90 минути и продолжување на нивната битка за историски четири титули во една сезона. Ливерпул веќе го освои Лига купот, а му остануваат позначајните предизвици: ФА купот, Премиер лигата и Лигата на шампионите.

За Челзи ова ќе биде шанса за освојување на првиот трофеј по завршување на ерата на Роман Абрамович. Финалето се игра в сабота од 17.45 часот, а претходно, од 15.30 часот се играат два меча од Бундеслигата и тоа е терминот до кој може да се вклучите со ваши типови во оваа интересна бесплатна игра.

Како дерби-мечеви може да се окарактеризираат и дуелите Атлетико – Севилја и Лацио – Јувентус. За пресметката во Мадрид, мнозинството прогнозери го фаворизираат домашниот тим, но за средбата во Рим, играчите се поделени.

Сите парови од ова коло може да ги пронајдете со кликнување на копчето ПРОГНОЗИРАЈ и уште сега да бидете дел од 35-тото коло на бесплатната игра на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести