Среда е убав ден за Спортска прогноза

Среда е убав ден и да го одиграте 13-тото коло на бесплатната Спортска прогноза. Има сериозен предизвик и за овој викенд, натпревари кои ќе понудат многу возбуда.

Типувањето трае до сабота во 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, а тоа е Џенова – Торино. Дерби има и за крај на колото, во Неапол кај Наполи гостува Лацио.

Се чини дека меѓу најинтересните натпревари е пресметката во Лондон меѓу Тотенхем и Челзи. Во Бундеслигата ќе има дуел во Менхенглдабах меѓу двете Борусии, а Столе Димитриевски со Валенсија ќе го пречека својот поранешен клуб Рајо Валјекано.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ка вреди ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести