Среда максимално среќен ден: Добитен тикет благодарение на гол во 90+5 минута

Натпреварите во Лигата на шампионите секогаш се посебно привлечни за обложувачите, а еден од нив направи одличен тикет со мечеви од Лигата на шампионите кои се одиграа вечерва. Само со 100 вложени денари, добивката е безмалку 25.000 денари, односно точно 24.924 денари нето-добивка.

Шахтар губеше со 2:0 на полувреме кај Антверпен, но во второто полувреме направи целосен пресврт и на крајот славеше со 3:2. Атлетико Мадрид и Феенорд одиграа меч полн со голови, посебно во првото полувреме кога беше 2:2. Токму овој резултат беше феноменален да се погоди коефициент вреден 8:75.

Барселона даде еден гол, но тој беше доволен за победа на гости кај Порто. Њукасл и Пари Сен Жермен одиграа дуел со многу голови, а на крајот англискиот тим победи со 4:1.

Најголема драма за да е добитен тикетот се случи на мечот Селтик – Лацио. Требаше победа на гостите, а Селтик прв даде гол и поведе со 1:0. Лацио израмни во 29-тата минута, а тоа беше резултатот до 90+5 минута. Тогаш Педро со гол донесе голема радост за Лацио и победа од 2:1, а со тоа и радост на овој обложувач во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести